До каде оди меѓупартиската омраза: „Еден комуњар помалку“, „на сите од СДСМ им го посакувам тоа“

од Vladimir Zorba
605 прегледи

Смртта на пулмологот и поранешен претседател на СДММ, Трајче Нешковски во сообраќајна несреќа ја потресе пошироката јавност, но сепак не ги одмина меѓупартиските пресетки на социјалните мрежи.

Додека колегите и сопартијците на Нешковски се простуваа со него и споделуваа приказни за неговата пожртвуваност во борбата со Ковид-19, други „се ситеа“ на трагедијата и им посакаа тоа да се случи на сите во владејачката партија.

Претходно порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, без никаков доказ споделија дека тој бил пијан и повредил неколкумина на Рузвелтова, без да ги проверат информациите, иако подоцна некои ги избришаа вестите.

Останува прашањето до каде омразата меѓу симпатизерите надвете најголеми политички партии во земјава и како може една ваква трагедија да се користи за препукувања?

Mладиот Нешковски, кој според информациите доживеал срцев удар вомоментот на несреќата, зад себе остави двегодишна ќерка.