ВМРО-ДПМНЕ: „Лајка“ ќе биде место за убиство на кучиња

од Vladimir Zorba
165 прегледи

„Градоначалникот на Град Скопје манипулира со целата јавност и со друштвата за заштита на животни кога вели дека со отворањето на така наречениот стационар ЛАЈКА ќе го реши проблемот со кучињата скитници на територијата на Градот“, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со отворањето на безпотребно ново јавно претпријатие каде се вработени исклучиво партиски луѓе кој немаат никаква допирна точка со активисти на кучиња и познавање на проблематиката а кој цели 17 месеци земаат плата а не одеа на работа од причина што Градоначалникот и неговиот тим советници не успеаја за 3 години да го реконструираат односно отворат стационарот , истите тие за 17 месеци го оштетија значително буџетот на Град Скопје со префрлање на плата за нив и за непотребниот управен одбор кој исто така е нелегитимно избран во него членуваат само партиски луѓе а не активисти или пак некој здруженија за заштита на животни.

Иако како што вели Градоначалникот дека стационарот е реконструиран со донации тој умешно ги крие и ја лаже јавноста за потрошените пари од градската каса во висина од 30 000 евра за набавки на мебел и канцелариска опрема која не знаеме зашто е потреба во ваков објект.

Градоначалникот манипулира со јавноста и дрско лаже дека проблемот со бездомните кучиња е решен , како што самиот се пофали дека ова е само едно привремено живеалиште на бездомните кучиња , таму ќе се стерилизираат и потоа повторно ќе бидат пуштени на улицата од кај што ќе бидат заловени и со самото тоа проблемот не се решава, повторно ќе гледаме кучиња како напаѓаат луѓе, повторно ке гледаме неубави глетки со труење на кучиња и сообраќајни незгоди предизвикани од кучињата по улиците.

Петре Шилегов ги излажа и изманипулира сите активисти кој се борат за права на бездомните кучиња како и друштвата за заштита на миленици , во овој стационар кој е со нелегална програма за работа и истата е сомнително донесена без да се консултираат друштвата за заштита на животни и активистите се вели дека куче кое е со најмала болест ќе биде еутанизирано односно убиено а не излекувано , Петре Шилегов ја отвори Лајка за да го реши проблемот со бездомните кучиња на начин што истите ќе ги убие и наместо урбано чување на бездомните кучиња и третман во стационарот – Лајка ќе биде местото на злосторот на кучињата! Од тука итно повикуваме повлекување на спорната програма за работа и изработување на нова со консултација на сите друштва за заштита на животни.

Постојат големи сомнежи со ова партиско јавно претпријатие Лајка за кое сме сигурни дека е отворено парење на пари и за се останато освен на професионален стационар и третман на бездомните животни и решавање на долгогодишниот проблем во кој се соочува нашата метропола.

На Скопје му треба стационар како во Европските Метрополи , стационар во кој бездомните кучиња ќе бидат собрани од улиците и ќе имаат третман во стационарот кое ќе биде нивно трајно живеалиште со одлични услови а не како што Градоначалникот Шилегов направи дека секое куче повторни ќе се врака на улица“,посочуваат од партијата на Мицкоски.