Нов црн рекорд во БиХ: За 24 часа, дури 711 нови случаи позитивни на Ковид 19

од Берта Китинска
237 прегледи

Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа се пријавени рекордни 711 нови случаи на коронавирус. Од нив, 485 нови пациенти се регистрирани во Федерацијата БиХ, а 226 во Република Српска.

Едно лице од Сараево е починато.Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на ФБиХ, излечени се 115 лица, пишува Радио Сараево.

Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во РС, тестирани се 787 лабораториски примероци, а вирусот е потврден кај 226 лица.

Слични содржини