Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков преку својот Фејсбук профил упати честитка по повод 23 Октомври.
„Македонија може многу повеќе и многу подобро од тоа што е сега и ВМРО-ДПМНЕ може многу повеќе и многу подобро од тоа што е сега.
Во генот на секој македонец е врежана борбата која трае од првиот ден на формирањето на организацијата. Организацијата е љубов, идеја, визија, непокор. Организацијата е просперитет, единство, демократски вредности. Организацијата сме сите ние !
Имаме и сила и знаење да се избориме за подобра иднина и на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа им го должиме на оние кои работеа и се жртвуваа пред нас. Тоа им го должиме и на идните поколенија.
127 години ВМРО – 30 години ВМРО ДПМНЕ !Честит Денот на македонската рецолуционерна борба !Да ни е вечна Македонија !“, напиша Мијалков.