Сугаревски во одбрана на Филипче: Аман бре луѓе, човекот со целиот медицински пероснал изгина во спасување на луѓе

од Берта Китинска
446 прегледи

Поранешниот министер за транспорт и врска, Горан Сугаревски  застана во одбрана на министерот за здравство, Венко Филипче од кого опозицијата бара оставка поради големиот број на починати и заразени со Ковид 19.

-Никако не ми е јасно ова секојдневново барање Министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемијата. Аман бре луѓе.Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило, напиша Сугаревски.

Од опозицијата обвинија  дека Филипче уште мисли дека е портпарол на Министерството, а не министер.

-Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Ковид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните.Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Ковид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните, предупреди на денешната прес-конференција претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа го потенцира и ставот на Караџовски во однос на тоа зошто не се направи поголем простор да се тестираат лицата во приватните клиники.

„Бројката на починати е двоцифрена, 15 лица за 24 часа. Бројот на починати на еден милион жители кај нас е пет до седум пати поголем од бројот на починати во соседните земји. Ситуацијата е алармантна веќе подолг период. Состојбата може дополнително да се влоши, особено поради загадениот воздух, кој во комбинација со Ковид-19 е голема опасност за хронично болните. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до Филипче хронично болните да ги ослободи од работа“, истакна Митева.

 

 

Слични содржини