Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешната комуникација со граѓаните во живо на Фејсбук, на прашање зошто владата не реагира на провокациите на Бугарија и што ќе правиме ако Бугарија не блокира во ЕУ, Захариева тоа и го потврди кога кажа дека нема Европска Унија без признавање на бугарски корени, одговори дека во моментот најважно е Македонија да ја одржи таа меѓувладина конференција во ЕУ што би значело симболичен почеток на преговорите.
– Европскиот пратеник Андреј Ковачев рече дека ако сака Македонија да го отпочне процесот со преговори, што тоа го потврди и министерката за надворешни работи Захариева, тогаш ќе мора да прифати и да каже дека современата македонска нација, јазик и држава се темелат на бугарски корени. За волја на вистината еден врвен бугарски политичар на еден од состаноците на Европската народна партија ми рече дека сето ова е ветено од страна на Зоран Заев и дека кога тој бил тогаш во опозиција ги убедувал дека најважно е тој да стане премиер, а за другото нема никаков проблем. Тогаш беа упатени многу критики до нас во ВМРО-ДПМНЕ дека ете не сме сакале да преговараме, но ние сме се уште на истиот став дека таа тема не заслужува разговори и преговори. Бидејќи македонската нација и држава си имаат свои корени, посочи Мицкоски.
Ова нема никаква врска со европските вредности, и тој во денешното видео обраќање апелираше до источниот сосед, а истовремено и до Европа да ја одржи таа прва меѓувладина конференција, да отпочнат преговорите, бидејќи најмалку што им должи ЕУ и нашиот источен сосед на македонските граѓани, без разлика на етнички верски состав, е токму тоа да се даде надеж и европска перспектива за Македонија.