Бајден: За изборите не одлучува Трамп, туку Американците

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Кандидатот на демократите Џо Бајден денеска оцени дека обвинувањата на Трамп дека изборите се нерегуларни и дека ќе побара од Врховниот суд да престане со пребројувањето на гласовите се „бесрамни“ и „неточни“.

„Доналд Трамп не одлучува за исходот на овие избори. Џо Бајден не одлучува за исходот на овие избори. Американскиот народ одлучува за исходот на овие избори, а демократскиот процес мора и ќе продолжи сè додека не заврши броењето“, рече Бајден.

Трамп ги освои Флорида и Охајо, државите каде се „кршат изборите“, а најверојатно и Монтана, Ајдахо, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Казнас, Оклахома, Тексас, Индијана, Тенеси, Аљаска, Јужна Каролина.

Бајден победи во клучната држава Аризона, како и, според проценките, во Мејн, Ајова, Вашингтон, Колорадо, Ново Мексико, Орегон, Калифорнија, Њујорк, Њу Хемпшир – претежно традиционални држави „сини“.

Трамп води во Невада, Висконсин, Мичиген, Пенсилванија, Северна Каролина.

Според првичните резултати од 41 држава, Бајден има 238 изборни гласови, а Трамп 213.

Бајден рече дека и покрај големите загуби „сепак сме на патот кон победата“

Трамп рече дека „тие (демократите) се обидуваат да ни ги украдат изборите“