Милошоски го нарече Димитров „размазен

од Vladimir Zorba
182 прегледи

„Размазениот МИНИСТЕР не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието“, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на објаснувањето наДИмитров за неможноста даприсуствува во Парламентот.

„Додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието. Срамота!

Додека илјадници касиерки во самопослуги, новинари, аптекари, келнери, заболекари и службеници се присутни на работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата плата, министерот кој зема пет пати повисока плата од нив, не можел да дојде до Собрание на еден час и да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!

Додека заменикот министер за финансии може 5 дена да седи со пратениците во Собранието и да го брани ребалансот на буџетот од кој ќерката на размазениот министер зема висока стипендија од 40.000 евра годишно, овој нежниот и своите колеги министри ги понижува со изговорот дека не сакал да дојде во Собрание да не се заразел.

Но, порано или покасно, сите министри ќе дојдат во Собрание, па и најразмазениот.“, посочува Милошоски.

Министерот занадворешни работи вчера сподели дека не сака да си го ризикува здравјето и покрај тоа што поканата од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието ја добил во последен момент.

Посочил дека би сака да учествува во дебатата во било кој формат, но дигитално, со оглед на Ковид19.

„Ни одговорија дека немаат таква можност по Деловникот. Им укажавме дека може да биде и неформална седница или конференција.

Па разбравме дека наводно немале технички можности (за таква работа замислете треба компјутер).

Во услови кога деновите ми се важни, и треба да бидам негативен за да си ја работам работата, немам намера да си го загрозувам моето и здравјето на другите“, истакна министерот.

Слични содржини