Ако судските такси можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000, рече Маричиќ

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Како би изледало тоа во пракса: Ако се тужи осигурителна компанија за надомест на штета во вредност од три милиони денари, судската такса која треба да се плати е два отсто од вредноста на спорот. Значи, како што вели министерот, во овој случај граѓанинот ќе требаше за судски такси да го даде максималниот изност од 48.000 денари. Сега според донесените измени давачката ќе биде само 6.000 денари, односно осум пати помалку.

-Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор ќе платевте вкупно 288.000 денари (тужба два отсто, одлука два отсто, жалба четири отсто, ревизија четири отсто). По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36.000 денари или 252.000 помалку. доколку се жалите, истакна министерот за правда.

Овие промени, според него, се и во духот на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата. Воедно, согласно „Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024” еден од клучните стратешки приоритети е обезбедување на Функционална правна држава според која меѓудругото е потенцирано дека „Граѓаните во Република Северна Македонија честопати се откажуваат од судска заштита на своите права заради високите судски такси. Ќе ги намалиме судските такси, бидејќи високите судски такси ја прават правдата недостапна за граѓаните.“.. ова ветување веќе го исполнивме, истакна Маричиќ.

Слични содржини