Филипче: Покрај почитувањето на мерките важно е да останеме поврзани

од Берта Китинска
236 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на “Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа” во организација на Младински Сојуз Крушево порача дека покрај почитувањето на мерките потребно е одржиме комуникацијата и да останеме поврзани.

„Живееме во една од најсериозните здравствени кризи со кои се соочил светот. Мерките за заштита од Ковид-19 влијаат на менталното здравје, за што во рамките на Клиниката за психијатрија воспоставивме линии за психолошка поддршка. Покрај тоа што мерките се маска, дистанца и дезинфекција, важно е да ја одржиме комуникацијата и да останеме поврзани. Ми беше задоволство што денеска имав свое обраќање на Меѓународната младинска конференција “Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа” во организација на Младински Сојуз Крушево. Темата на пленарната сесија беше „Солидарност во криза: Човекот над КОВИД-19“, пред 80 млади учесници од 16 земји од Југоисточна Европа, напиша Филипче на Фејсбук.

Слични содржини