Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е потврден со обвинение од Специјалниот суд во Хаг, но официјалните информации сè уште не се објавени, пренесува „News33“.
Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово на 26 октомври ги потврдил обвиненијата против сите четворица актуелни или поранешни косовски функционери, а поранешни членови на ОВК.
Во него се додава дека во согласност со Правилникот за постапување и доказите пред Специјализираните совети на Косово, во тој момент не било обелоденото обвинението, но дека сега се објавени сменетата верзија и налогот за апсење.
Тие се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиства, присилно исчезнување лица, прогон и тортура. Според Обвинителството, тие се кривично одговорни за приближно 100 нелегални убиства.
Информациите за датумот и времето на првото појавување на Тачи, Весели, Сељими и Красниќи пред судијата на претходна постапка ќе бидат објавени наскоро.
Поранешните високи припадници на ОВК вчера попладне, доброволно, со авион допатуваа во седиштето на судот во Хаг.
Пред тоа, Тачи вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Косово.