Текстот на „Вашингтон пост“ насловен „Меланија Трамп ги крие најлошите склоности на претседателот, Џил Бајден ги потенцира најдобрите инстинкти на нејзиниот сопруг“ споредува две жени кои во моментов исто така на некој начин се натпреваруваат на изборите, но за титулата прва дама.
Авторот на текстот, Робин Гиван го спореди однесувањето на Меланија Трамп и Џил Бајден за време на настапот на нивните сопрузи и забележа интересни разлики.
„Меланија става слој на светки над ксенофобијата и расизмот што минуваат низ администрацијата на нејзиниот сопруг. Таа ја зголемува температурата на неговата реторика што врие со ладен став и тишина. Таа е неговото подобро облечено алтер его“, тврди Гиван и потсетува на однесувањето на Меланија за време на првото обраќање на Трамп до нацијата ноќта на изборите.
„Кога претседателот Трамп ги започна своите обвинувања, нејзиното лице ја изгуби секоја емоција и нејзиниот израз не се смени бидејќи продолжи со своите неосновани обвинувања за измама. Како што заврши, Меланија ја оживеа насмевката и аплаудираше. Во моментот на политичката и лична мака на Трамп, кога Бајден започна да му претставува сериозна закана, Меланија не му пријде во знак на поддршка и утеха. Стоеше толку далеку од него, што е тешко да се замисли дека обезбедуваше физички комфор. Таа е со него, но не е поврзана со него“, пишува новинарот на „Пост“.
„Таа со години и кажува на јавноста дека е независна и дека одлучува сама. Не сакам да го променам. Тој не сака да ме промени“, изјави таа за „МСНБЦ“ во 2016 година. Тие се целосно прилагодени едни на други. Тој е ревијален фалбаџија. Таа е елегантна жена на неговата рака – или барем во близина на него. Тие си служат едни на други“, пишува Гиван.
Меланија, наводно, за време на посетата на Универзитетот во Њујорк, на прашање од студент, дали ќе биде со Трамп ако не е богат, таа одговорила: „Дали тој ќе беше со мене, ако не бев убава?“ Приказната никогаш не беше потврдена, но ја објавија неколку американски таблоиди.
Кога јавноста последен пат ја слушна Меланија, таа водеше кампања за нејзиниот сопруг. И ги повтори неговите поплаки. Таа ја повтори неговата реторика, но со шепот и со повремена насмевка. Таа беше целосен партнер во прикажувањето на медиумите како непријател, демократите како корумпирани и нејзиниот сопруг како исклучително љубезен врховен командант. Ова не е само негова приказна, таа е и нејзина. Пишува со лути, големи букви. Но, таа тоа го раскажува со убави слики“, пишува новинарот.
Џил Бајден, пак, го претставува тоа како сосема спротивно.
„Џил Бајден, која би можела да биде следната прва дама на земјата, застана покрај нејзиниот сопруг кога им се обрати на приврзаниците во средата, повторно повикувајќи ги да бидат трпеливи додека се бројат сите гласови. Тие беа надвор носејќи маски. Бајден се заблагодари кога Џил му понуди потсетник. Тој застана и ја замоли да повтори, на што таа рече дека мора да му се заблагодари и на гувернерот на Делавер. Не беше голема работа, но беше забележано затоа што беше потсетник дека Џил не беше само на сцената како тивок реквизит или како некој што се грижи за своите интереси, туку и како целосен партнер“, потсети новинарот на Вашингтон пост.
„Џил немаше проблем да проговори затоа што не беше само реквизит на сцената“, заклучила таа.