293
Магистралниот гасовод Скопје-Гостивар – Тетово, дел од изградбата на преносниот систем за гас на целата држава како еден од првите приоритети на Владата од посебен и исклучителен интерес за граѓаните и стопанството
Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар во должина од 86 километри заклучно со септември е реализирана на ниво од 66 проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на идната година,вклучувајќи ја изградбата на мерните станици и краците кон градовите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, при увид на градежните активности на терен.
– Оваа динамика на градежни работи веќе го прави многу блиску гасот до индустријата и до граѓаните, изјави Заев.