Повеќе од 12 милиони случаи на новот коронавирус САРС-КоВ-2, од кои 300 000 мртви, се официјално регистрирани во Европа, објави АФП во петокот.
Европа е најпогодена област од пандемијата во светот, пред Латинска Америка и Карибите (11,5 милиони случаи) и Азија (10,9 милиони).
Скоро половина од 12 милиони случаи се во четири земји: Русија (1,73 милиони), Франција (1,6 милиони), Шпанија (1,3 милиони) и Велика Британија (1,12 милиони).
Во последните неколку недели, по периодот во март и април, Европа повторно стана епицентар на пандемија, според АФП, пренесува Хина.
Од почетокот на октомври, Европа соборува рекорди во бројот на нови инфекции за ден. Минатата недела имало повеќе од 280.000 нови случаи секој ден, половина од сите нови случаи во светот, во просек 525.000 дневно.
Во последната недела, Франција (просечно 45.514), Италија (30.715), Велика Британија (22.551), Полска (21.847) и Шпанија (20.890) имаат најмногу новозаразени за 24 часа.
Во однос на смртноста, Европа, со скоро 300.000 мртви (298.867), е втора најпогодена зона во светот, зад Латинска Америка и Карибите (408.736).
Од почетокот на пандемијата, Ковид-19 погоди скоро 49 милиони луѓе ширум светот, од кои 1,2 милиони починаа.