Се огласи Бајден: Ќе бидам претседател на сите Американци

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Демократскиот кандидат Џо Бајден е 46-от претседател на Соединетите Американски држави, а по оваа објава, тој се огласи на својот официјален профил на Твитер.

„Америка, почестен сум што ме избравте да ја водам нашата голема земја“, рече тој на почетокот.

„Работата пред нас ќе биде тешка, но ви го ветувам ова: јас ќе бидам претседател на сите Американци – без разлика дали гласавте за мене или не“, пишува Бајден.

Си-Ен-Ен тврди дека Бајден го освоил мнозинството во Пенсилванија, односно 20 изборни гласови, и сега има 273, додека другите медиуми јавуваат дека Бајден победил со 284 изборни гласови.

За да се победи на изборите, потребни се 270 од 538 изборни гласови, а сега дури и победи во другите земји не можат да му ја „вратат“ функцијата на Трамп.

Останува да видиме што ќе се случи по тужбите што ги објави Трамп.

Ројтерс известува дека Бајден наскоро ќе и се обрати на јавноста.