„Меланија ги одбројува минутите до развод, нивниот брак беше чиста трансакција!“, вели поранешна соработничка на првата дама

од Vladimir Zorba
675 прегледи

Меланија Трамп ги одбројува минутите до разводот со Доналд Трамп, се уште актуелен претседател на САД, со цел конечно да стави крај на нивниот 15-годишен „договорен брак“, пренесуваат британските таблоиди.

Поранешната соработничка Омароса Маниго Њуман откри дека нивниот брак е во криза подолго време.

„Меланија ја одбројува секоја минута до неговото заминување од Белата куќа за да побара развод. Ако сакаше да го понижи и да го остави за време на неговиот мандат, тој ќе најдеше начин да ја казни“.

Се тврди дека Меланија била очајна во 2016 година, кога Трамп победил на претседателските избори во Америка, бидејќи не можела ни да претпостави дека ќе победи.

Исто така, таа не му се придружи веднаш во Вашингтон, туку чекаше 5 месеци, наводно, за нивниот син Барон да го заврши училиштето.

Сепак, друга нејзина поранешна асистентка, Стефани Волкоф, тврди дека првата дама планира да се разведе и да преговара со цел Барон да добие еднаков дел од богатството на Трамп.

Волкоф исто така тврди дека сопружниците цело време спиеле во посебни простории и дека нивниот брак е чиста „трансакција“.

Инаку, Трамп претходно беше во брак двапати, а втората жена -Марла Мејплс вети дека нема да објавува критички книги или ќе дава интервјуа за него, а се сомнева дека и Меланија ќе го стори истото.

Медиумите често укажуваа на тоа колку се блиски Меланија и Трамп во јавноста, а првата дама е снимена неколку пати како ги одбива неговите допири или обиди да и ја земе раката.

Инаку Трамп се ожени со Иванка Трамп во 1977 година, со која има два сина и ќерка, а таа врска заврши во раните 90-ти, кога ја запозна манекенката Марла. Двајцата се венчаа во 1991 година и ја добија ќерката Тифани, но бракот траеше до 1997 година.

Тој ја запозна Меланија една година подоцна и се ожени со неа во 2005 година.

Слични содржини