Повеќе од 1.400 приведени за време на протестите во Минск

од Vladimir Zorba
423 прегледи

Повеќе од 1.400 лица се приведени за време на протестите на опозицијата во неделата во Минск, според извори на Ал Џезира во белоруската престолнина.

Тие додаваат дека ова е највисока бројка од апсењата од август, кога стотици Белоруси исто така завршија во притвор.

Извори посочуваат дека станува збор за податоци добиени од волонтери на терен и не се конечни за денес.

Велат дека многу демонстранти биле повредени и дека има информации дека еден од нив се наоѓа во воена болница со прострелна рана.

Ова е 14-та недела по ред како демонстрантите излегуваат на улиците во Минск и бараат оставка од власта.

Сè започна по претседателските избори, кога Александар Лукашенко, деценискиот владетел на оваа источноевропска држава, прогласи убедлива победа.

Центарот за човекови права „Вијасна“ соопшти дека е познат идентитетот на најмалку 800 од 1.414 приведени, меѓу кои и многу познати личности.

Меѓу нив се Мис на Белорусија од 2008 година и поранешен ПР на фудбалскиот клуб Динамо од Брест, Олга Хижинкова, потоа славниот актер Александар Жданович – Маљаванич, шампионот на Белорусија во кик бокс и тајландски бокс Иван Ганин, освојувачот на сребрен медал во атлетика на Олимписките игри 2008 година Андреј Кравченко како и многу активисти, новинари …

Слични содржини