Грција реагира: Под закана сме од германско оружје во турски раце

246 прегледи

Од 2002. година Германија одобрила продажба на оружје наменето за Турција, а во вредност од 522 милиони евра, од кои речиси 128,8 милиони биле наменети за подморници.

Федералната влада на Германија досега спречуваше извоз во Турција на оружје што би можело да се користи во војната во Сирија.

Оттаму, бидејќи се чека продажбата на морнарицата, Грција денес реагираше и посочи Берлин да престане да го прави тоа.

„Грција е загрозена, односно под закана со германско оружје кое се наоѓа во рацете на Турција“, истакна грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

„Не ѝ давајте на Турција нешто со што може да го дестабилизира целиот источен Медитеран“, додаде Дендиас мислејќи на изградбата на шест турски подморници, во што учествува и германската компанија Тајсен Круп.

Тој проект е сè повеќе критикуван поради ескалацијата на конфликтот во Средоземно Море.

Слични содржини