Скопјани се гушат, најзагадено во Ново Лисиче

од Берта Китинска
457 прегледи

Главниот град се гуши.

Според податоците на страницата air visual, Скопје вчера беше на  шестото место по загаденост на воздухот.

Мерните станици вечерва покажуваат висока загаденост и во Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Охрид, Свети Николе…Додека пак во скопските населби 11 Октомври, Автокоманда, Ново Лисиче, Аеродром…каде загадувањето на воздухот е неколку пати над дозволеното.

„Загаденоста и вечерва се движи од 2 до 3 пати над максимално дозволената граница. Нивото на канцерогени ПМ1-честички е над 100 микрограми на метар кубен. Цело Скопје дише загаден воздух над половина милион граѓани се трујат, а Петре Шилегов три години не одвои ниту еден денар за спречување на загадувањето, ниту, пак, за подобрување на квалитетот на воздухот“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, неспособноста во справување со загадувањето го нотира и ЕК, која во својот извештај пишува дека иако власта и централна и локална е во рацете на една партија, што би требало да значи подобро справување со проблемот на загадување, сепак не е направено ништо на тоа поле.

„ЕК јасно порача дека ниту Зоран Заев, ниту Петре Шилегов направиле нешто за подобар и почист воздух. Напротив Скопје се гуши, повеќе од кога и да било претходно.Откако е Шилегов градоначалник, ниту едно дрво не е засадено, ниту една нова зелена површина не е направена.Шилегов не направи ама баш ништо од она што го ветуваше, затоа мора да си замине, и затоа граѓаните ќе го казнат“, се вели во соопштението.