226
По вчерашното објавување на информацијата дека Уставните судии сами си изгласале надоместок на платите, се огласи и Уставниот суди кој изрази жалење што не добиле повик за образложение и објаснување.
Имено, Судот во своето соопштение потенцираше дека до јавноста ќе биде доставено официјално соопштение со кое ќе се образложи оваа интервенција донесена со помош на Деловникот.
„Судот мора со жалење да констатира дека објавите беа неосновани и непримерни во поголем дел, а се однесуваа на квалификација на органот и уставните судии воопшто. Објаснувања беа побарани, но дури откако беше објавена веста и распространета низ медиумите“, се вели во соопштението кое го упати Уставниот Суд.