Грчкиот остров Самос повторно погоден од земјотрес

369 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја стресе утрово и Грција, односно островот Самос, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во нешто пред 9 часот, бил на 13 километри источно и североисточно од Самос, пренесува АНА.

Самос кон крајот на октомври се тресеше од земјотреси кои го разорија турскиот град Измир.

Во силниот земјотрес од 6,6 степени според Рихтер загинаа повеќе од 100 луѓе.

Слични содржини