Утврдени Предлог-буџетот за 2021 година и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 на последната Владина седница

212 прегледи

Во рамки на 19. седница на Вадата на Северна Македонија, се утврди Предлог-буџетот на земјава за 2021. година, како и Предлог законот за извршување на буџетот за 2121.година. Истите треба да се достават до Собранието и деновиве ќе и бидат презентирани пред јавноста.

На седницата беше усвоена и информацијата за реализација на мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД 19 периодот и го разгледа и го усвои исто така Извештајот на Kомисијата за оцена на пријавите на деловните субјекти, задолжувајќи го Министерството за економија да склучи договори со одобрените компании согласно Извештајот.

Вкупно, 17, 2 милиони евра, се во висина средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за закрепнување на домашната економија во време на здравствено-економската криза ќе ги добијат 400 компании, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места.

Висината на финансиската поддршка е 25 % од реализираната инвестиција според инвестицискиот план, но не повеќе од:

40.000 евра во денарска противвредност, за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, не повисок од 1.000.000 евра во денарска противвредност;

100.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 1.000.001 евра до 10.000.000. евра во денарска противвредност;

140.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра во денарска противвредност;

200.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 10.000.001 евра, повеќе од 50.000.000 евра во денарска противвредност.

 

Слични содржини