Актерката Џенифер Анистон и актерот Џерард Батлер наводно отишле на воведните предавања за NXIVM затоа што верувале дека тоа ќе им помогне да создадат подобри деловни и социјални врски, но се откажале затоа што не биле подготвени да се посветат на култот во голема мера.
Анистон и Батлер беа во врска во 2010 година, а во тој период се приклучија на култот NXIVM, пишуваат странските медиуми.
Холивудските sвезди наводно не биле свесни во што се впуштале.
Да потсетиме, Кит Ричардс, водачот на култот, неодамна беше осуден на 120 години затвор за мито, уцена, изнуда и силување.
NXIVM беше претставен пред јавноста како организација за самопомош.
Актерката Алисон Мек ја шокираше јавноста во 2017 година кога се дозна дека таа е член на култот. Таа наводно му донела нови следбеници на Кит Ричардс, кои по некое време станале сексуални робинки.
Жртвите наводно биле принудени на физички труд и секс, и биле жигосани.