Џонсон го отпиша Трамп – го нарече поранешен претседател (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон денес го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „поранешен претседател“, додека одговараше на прашања од членовите на парламентот.

Анџела Игл, член на парламентот, го праша Џонсон дали има совети за неговиот „долгогодишен најдобар пријател“ на тема одбивањето на Трамп да ги признае резултатите од изборите на кои, според проекцијата на американските медиуми, победи Џо Бајден.

Игл го нарече однесувањето на Трамп „срамно за него и опасно за американската демократија“.

Џонсон одговори дека тој „имал, односно има уште добри односи со поранешниот претседател на Соединетите држави“.

„Должност на премиерот на Велика Британија е да има добри односи со Белата куќа“, додаде Џонсон.

Слични содржини