Ќе се спроведе истрага за пожарот кај црквата во Долно Лисиче

од Vladimir Zorba
183 прегледи

При рутинска контрола, дежурните екипи на Инспекторат на Град Скопје, вчеравечер во населбата Долно Лисиче во непосредна близина на црквата забележаа пожар од кој се ширеше голем чад и продорен мирис. Проценката на градските инспектори е дека станува збор за запален кабаст отпад, гуми и пластична амбалажа. Сторители на лице место не се затекнати.

„На терен веднаш е повикана Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи пристигнаа во најбрз можен рок и веднаш пристапија кон гаснење на пожарот и истиот за кратко време беше локализиран. Градските инспектори ќе спроведат истрага за пронаоѓање на несовесните граѓани – сторители на ова дело, поради предизвикување општа опасност по околните објекти и загрзоување на здравјето на жителите на град Скопје“, соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

Пожарот не е пријавен од околните жители на отворената линија 193, туку откриен при рутинска контрола на градските инспектори.

Градот Скопје апелира граѓаните штом забележат оган на отворено, да не чекаат туку веднаш да го пријават на 193, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.

Слични содржини