Шекеринска: Или ќе ја платиме високата цена, или ќе излеземе како победници од битката

315 прегледи

Од денес возила од Армијата се ставени на располагање на здравствените работници во битката против Ковид 19.

Во рамки на поликлиниката Букурешт, на предавањето на возилата присуствуваа министрите за одбрана и за здравство, Радмила Шекеринска и Венко Филипче

„Здравјето на граѓаните е наша грижа. Мораме да бидеме одговорни и мобилизирани. Тоа беше логиката по која претседателот се водеше и ја активираше армијата. Затоа се отстапени 5 возила во главниот град, а дополнително 2 ќе бидат испратени надвор од Скопје. Обезбедување на побрз проток за брзата помош во време на тешки здравствени времиња е и повеќе од неопходна. Ги даваме возилата како поддршка, бидејки ресурсите треба да ги пренасочиме таму, не само ние, туку сите кои се во можност тоа да го сториме. Екипите на воено медицинскиот центар помагаа и при тестирањата и при оној дел кога имавме вонредна состојба. Затоа ја користам приликата да апелирам да се почитуваат сите здравствени протоколи и да бидеме безбедни колку можеме, затоа што несомнено сите верувам сфативме дека или сите ќе излеземе како победници или цената ќе ја платиме сите заедно“, истакна Шекеринска во изјава за медиумите.

Слични содржини