Милошоски го „донесе“ Димитров во Собрание (ФОТО)

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на својот Твитер профил сподели фотографија на која е до вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Фотографијата сепак е „фотошопирана“, откако поранешниот министер не се појави на собраниската Комисија за надворешна политика.

„Лабаво во Собрание со вицепремиерот Димитров.#СликаИмаТонНема“, пишува Милошоски.

Тој најави дека заклучоците од денешната седница на Комисија за надворешна политика се предложени на дневниот ред на денешната седница на Собранието.

Милошоски се надева дека нивното барање ќе биде прифатено.

„Дијалогот меѓу власта и опозицијата треба да се случува во Собранието. Нам не ни треба дијалог на тефериџ. Но, ако инситираат подготвени сме тоа да биде зад затворени врати“, вели Милошоски.

Слични содржини