Шест трендови во туризмот за следната година

од Vladimir Zorba
467 прегледи

Пандемијата си го направи своето кога станува збор не само за предизвикување здравствена, туку и криза во многу сектори, меѓу кои најпогоден е туризмот. Експертите очекуваат многу нешта да се променат во светот на патувањата, а со тоа и да започнат нови трендови. Euronews одвојува неколку од нив:

Туризам во дивина

Бидејќи луѓето со месеци беа затворени дома, поради страв од ширење на заразата, сега чувствуваат “глад“ за широко пространство. На пример, во САД националните паркови имаат рекордна посетеност по карантинот, а тој тренд ќе продолжи и следната година.

Номадски туризам

Можноста да се патува на различни локации, да се посетуваат најразлични места и да се извршуваат работните задачи во исто време, веќе станува вообичаен начин на живот на многумина. Во оваа група на модерни номади може да се најдат фриленсери, кои немаат потреба од фиксна средина за работа, како и пензионери кои имаат доволно финансиски средства, но и слободно време за уживање.

Еколошки туризам

Еколошкиот туризам претставува одговорно патување во подрачје каде што се води сметка за животната средина, одржливост на условите за живот на локалното население и слично. По пандемијата, расте бројот на луѓе кои сериозно размислуваат за климатските промени, за начинот на којшто досега влијаеле на околината и се во потрага по одржливи хотели или еколошки места за престој.

Автентичен туризам

Веќе не е во “мода“ да се отиде на некоја плажа и да се плива и сонча цел ден. Сега веќе туризмот подразбира и потреба за истражување на околината, заедницата која живее во тој дел, нивната традиција, култура, корени…

Велнес туризам

Пандемијата нè научи колку е важна грижата за сопственото здравје, добриот имунитет и благосостојба. Па, тој тренд ќе се прелее и во туризмот така што луѓето ќе сакаат да добијат локален третман, масажа или храна којашто ќе им влијае добро на здравјето.

„Внимателен“ туризам

Станува збор за туристи кои го посетуваат местото и се фокусираат на создавање силни врски со локалната заедница. Освен тоа, туристот веќе нема да биде само гостин во местото што го посетува, туку и ќе се обиде да даде свој придонес за локалниот развој.

Слични содржини