Матичните лекари се столбот во здравството, ние во оваа ситуација имаме телефонска комуникација во која правиме тријажа со пациентите .Односно одлучуваме дали ќе ве прегледаме или може да се реши ситуацијата телефонски, вели во 24 анализа д-р Ненад Лазаров.
Лазаорв потенцираше дека нема протокол за лекување на ковид и за тоа доставувале и барање. Вели дека за да постои казна за погрешно лекување, мора да постои протокол за лекување. Генерално постои непишан консензус, а се друго е оставено на поединечка проценка и знаење на лекарот.
„Не обвинуваат дека не лекуваме како што треба, а не кажуваат како треба. Не постои протокол за третман на пациенти со ковид. Единствена комуникација е на ниво на форум и тоа е направено од Асоцијација на специјализанти. До денес немаме ниту еден допис од министерот за здравство.“ – вели д-р Лазаров.