Продолжува судењето за „Таргет Тврдина“: Обвинителството со нови сведоци

206 прегледи

Новите сведоци ќе бидат дел од новото продолжение на судскиот процес за случајот „Таргет Тврдина“, во Кривичниот Суд.

Во изминатиот период сите рочишта беа откажани поради здравствена состојба на Сашо Мијалков, кој имаше позитивен ПЦР тест. Обвинителството на последното рочиште ги пласираше изведените материјални докази за незаконското прислушување.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Инаку, обвинението се однесува за незаконското прислушувсње на телефонси броеви, вкупно на број 4286, за кои немало судиска наредба, а сето тоа се случувало во рамки на УБК во периодот од 2008. до 2015. година.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Слични содржини