– Очекуваме дека пред нас е период, во следните недела до две, во коијшто дефинитивно ќе ги видиме ефектите од рестриктивните мерки. Очекуваме бројот на новодијагностицирани пациенти во тој период да се стабилизира и за во тој период после тоа бројката да се намалува, изјави министерот за здравство Внко Филипче.
Филипче информира дека се уште е поголем бројот на болни пациенти кои се хоспитализираат, од оние што се испишуваат од болниците. На интерните клиники има околу 100 – 120 слободни кревети со кадар кои секој момент може да згиржат ковид
Водено тој додаде и дека поставувањето на КОВИД-центрите ќе зависи од подготвеноста на локалните власти. Постапката во проектната единица на Светската банка заврши, сега се потпишуваат договорите и почнуваат подготвителните работи, вели тој.
-Секаде каде што се подготвени локалните власти со обезбедување да се постават болниците, по тој редослед и приоритет ќе се поставуават. Тие КОВИД-центри не се само објекти, туку се целосно опремени немедицински и медицински за да третираат пациенти, истакна министерот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.