226
На прашањето дали се точни информациите за наводна вмешаност на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во коруптивен скандал кој дел од медиумите го најавуваат како Рекет 3, вицепремиерот за борба со коруцпијата, Љупчо Николовски вели дека секој може да каже што сака, но дека тој нема слушнато за ваков случај.
-Немам информација дека Мухамед Зекири е вмешан во корупциски скандал, вели вицепремиерот за борба со коруцпијата, Љупчо Николовски во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.
Вели дека за било кој случај треба да постапуваат институциите и дека за секого треба да има одговорност. Порачува дека ако Владата утврди некаква одговорност, морална, тие бараат одговорност за функционерите.