Уверен сум дека и оваа ситуација со Бугарија ќе се надмине и дека ќе го отвориме процесот за преговори со ЕУ, изајви вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски во интервју за „Трилинг“ на телевизија 24.
Николовски верува дека ќе се надминат недоразбирањата со Бугарија и оти на крајот Северна Македонија ќе слави за храбрите одлуки.
-Сето она што го направивиме со севкупната мудрост и трпение, прво со Грција и со Бугарија со што ги надминавме споровите со соседите, потоа со тоа што станавме членка на НАТО, па на крај со согласноста на Европската унија да започнеме преговори за членство, покажува дека сме имале храброст за решавање на сите прашања, она што претходно го немал никој. Затоа сум уверен дека и оваа ситуација со Бугарија ќе се надмине и дека ќе го отвориме процесот за преговори со ЕУ, истакна Николовски.