Монтреал: Заложничка криза во зградата каде што е „Убисофт“, некои работници побегнаа на покривот

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Групата напаѓачи држи во заложништво најмалку 12 лица во комплексот на зградата во Монтреал, каде се наоѓаат канцелариите на софтверската компанија „Убисофт“, пренесуваат светските медиуми.

Голем број припадници на полицијата се на лице место, како и екипа на брза помош, пренесува „Русија денес“. Полицијата издаде соопштение во кое тие апелираат до населението да го избегнува тој дел од градот.

Според неофицијални информации, киднаперите барале пари за да ги ослободат притворените лица. Исто така, некои медиуми истакнуваат дека станува збор за грабеж.

Засега не е познато колку напаѓачи има, а локалните медиуми наведуваат дека голем број вработени избегале на покривот на комплексот, каде што самите се забарикадирале. Има и наводи дека некои луѓе биле приведени во салата за состаноци.

Новинарка на Култ МТЛ на Твитер напиша дека луѓето кои останале во зградата „се криеле под масите“, за што ја известил еден пријател.

„Убисофт“ обично вработува околу 4.000 луѓе, но повеќето работници работат од дома поради пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини