Претседателот на италијанската Серија А, Паоло Дал Пино, откри дека загубата на Серија А во периодот од февруари до декември оваа година ќе изнесува 600.000.000 евра.
Дал Пино за „Фајненшл тајмс“ ги откри сите тешкотии со кои се соочил шампионатот во изминатиот период.
„Голем успех е што успеавме да го рестартираме шампионатот. Ситуацијата е многу сериозна. Од февруари до декември, Серија А загуби 600,000,000 €, од кои 400,000,000 од билети и 200,000,000 од спонзори“, рече тој.
Првиот човек на шампионатот потоа зборуваше за реорганизација на шампионатот.
„Ковид би можел да биде можност за промена на деловниот модел на лигата, иако е тешко да се модернизира бизнисот во ситуацијата во која се наоѓаме. Дискусијата за приватните капитални фондови започна пред пандемијата и во моментов сме во преговори. Целта е да се користат менаџерски вештини со цел да се зачува вредноста на Серија „А“ на долг рок“, заклучи Дал Пино.