Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски, реагираат од СДСМ

од Vladimir Zorba
171 прегледи

„Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски, граѓаните веќе трипати ги поразија неговите антидржавни политики. Затоа Мицко побегна од граѓаните и изборите во Штип“, реагираат од СДСМ на пресот налидерот на опозицијата.

„Мицкоски треба веднаш да му честита на премиерот Зоран Заев и на Владата предводена од СДСМ, бидејќи за само три години имаме земја 30-та членка на НАТО и отворени перспективи кон Европската унија.

Заев е симбол за успех и напредок, Мицкоски е симбол за пораз, деструкција и одбрана на криминал.

Граѓаните знаат дека Мицкоски е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим.

Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ.

Не успеа.

Мицкоски не смогна сили ни да аплаудира на во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.

Храбрите политики на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпишувањето на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ја прекинаа агонијата на неизвесност во државата, ги решија децениските заложби на граѓаните и државата за евроатлантска перспектива.

Нашите политики во изминатите три години се конзистентни, нашиот идентитет е цврст како бетон, а македонскиот јазик признат, еден од јазиците на ЕУ, запишан во ООН, па и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик.

Јасни се ставовите на СДСМ, а Мицкоски како и секогаш за крупните прашања нема став, и секогаш е против националните и државни интереси“, се додава во реакцијата.

Слични содржини