Италија потврди нови 37.255 заразени во последните 24 часа, објави Министерството за здравство во саботата, откако заразените беа 40.902 претходниот ден.
Уште 544 лица починаа, шест помалку отколку во петокот.
Тестирани се 227.695 луѓе во изминатите 24 часа, помалку од претходниот ден кога беа тестирани 254.908 луѓе.
Во Велика Британија, 26.860 нови случаи на коронавирус се потврдени во последните 24 часа, што е благ пад од претходниот ден кога имаше 27.301.
Бројот на загинати, сепак, се зголеми од петокот. Во саботата, се вели дека 462 лица починале во изминатото деноноќие.
Во Велика Британија досега починаа вкупно 51.766 лица.
Бројот на заразени и мртви се зголеми во Франција, покажуваат податоците на Министерството за здравство во саботата.
Франција потврди 32.095 нови случаи на коронавирус и бележи вкупно 1.954.599 заболени. Уште 359 лица починаа во болници, вкупно 44.246 од почетокот на пандемијата, пренесува Хина.