Повеќе од милион потписи за Амбер Херд да остане без улога

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Откако „Ворнер Брос“ побара од Џони Деп да ја напушти улогата на Гелерт Гринделвалд во франшизата „Фантастични ѕверови“ поради загубата на судскиот спор со таблоидот „Сан“, повеќе од милион луѓе потпишаа петиција против Амбер Херд.

Во петицијата се бара поранешната сопруга на Деп да биде протерана од второто продолжение на „Аквамен“, во кое таа ја игра кралицата Мери.

„Амбер Херд е позната по злоупотребите, „Ворнер Брос“ и „Ди Си Ентертејнмент“ треба да ја исфрлат од овој проект. Тие не смеат да ги игнорираат нејзините жртви и да го воздигнуваат насилникот“, стои во петицијата иницирана од обожавателите на Деп.

Слични содржини