10 земји кои најмногу ги ценат талентираните работници: Меѓу нив дури 8 европски

од Vladimir Zorba
529 прегледи

И покрај кризата предизвикана од пандемијата, една европска земја успева четврта година по ред да ја задржи водечката позиција во привлекувањето и негувањето квалификувани работници.

Како што многумина би претпоставиле – ова е Швајцарија, која е прва на неодамна објавената светска ранг листа на таленти IMD (Меѓународен институт за развој на менаџмент).

Швајцарија е пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и се фокусира на подобрување на вештините, како и можноста да привлече странски професионалци, пишува порталот CNBC.

Списокот од 63 пазари во големамера е предводен од Западна Европа:

1. Швајцарија
2. Данска
3. Луксембург
4. Исланд
5. Шведска
6. Австрија
7. Норвешка
8. Канада
9. Сингапур
10. Холандија

Соединетите држави се рангирани на 15-тото место, рангирајќи се зад Германија (11), Австралија (13) и Хонг Конг (14), а пред Ирска (18), Тајван (20) и Велика Британија (23).

Слични содржини