218
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) носи поскапување на цените на нафтените деривати во нашата земја во просек за 3,11 проценти во однос на цените кои беа донесени со одлуката од минатата недела.
Според ова, цената на бензинот Еуросупер БС-98 се поскапува за еден денар по литар гориво, додека бензинот Еуросупер БС-95 ќе поскапи за денар и половина. Иста ќе биде ситуацијата и со Еуродизел кој поскапува за 1,50 денари.
Во согласност со ова, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-98 ќе точиме по цена од 61,50 денари за литар гориво, Еуросупер БС-95 ќе чини 60 денари, додека Еуродизел ќе се продава по 51 денар по литар гориво.