Бурен ден за жителите на Нов Белград. Вечерва биле исплашени од хеликоптери кои прелетувале ниско над овој дел од главниот град без претходна најава, а рано утрово, кога многумина оделе на работа, дошло до пукање во овој дел на српскиот главен град.
На улицата Урош Мартиновиќ, околу 7.15 часот, двајца маскирани напаѓачи со пиштоли пресретнале човек, со цел да изнудат пари од него, а по вербалните закани и впереното оружје, еден од напаѓачите испукал еден куршум во воздухот.
Во моментот полицијата трага по двајцата насилници.
Порталот „Објектив“ наведува дека тие се обиделе да изнудат пари од вработен во кафуле.
Од друга страна, како што изјавил очевидец за „Нова.рс“, еден од напаѓачите пукал кон доставувач.
„Разнесуваа кроасани, а возачот беше во блокот А во Нов Белград кога беше нападнат од двајца маскирани и облечени во црно. Возачот се оддалечи од нив и зеде столови и пепелници од градината на кафулето и ги гаѓаше со нив како вистински херој“, рекол очевидецот за „Нова.рс“ додавајќи:
„Кога го видоа како се брани, едниот извади пиштол и пукаше“.
По тоа, напаѓачите избегале од местото на настанот.