Димитров: Што славиме, каков јазик зборуваме и каков идентитет имаме е исклучиво наша работа!

528 прегледи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров во вечерашното гостување на Топ Тема, посочи кои се проблематиките од исклучителна важност за преговорите со Бугарија, но и потенцираше зошто Владиното раководство коое учествува во овие преговори е претпазливо со изјавите и до некаде таинствено, за сето она што го содржат предложените документи и предлози од страна на соседна Бугарија.

„Граѓаните треба да знаат дека утре советот на министри е виртуелен, и со оглед на ваквата состојба тие не можат да донесат одлуки. Такашто, утре ќе стане збор за нашето прашање, и во однос на процедурата, односно нема да биде усвоена преговарачката рамка. Јасно е дека имаме негативен став во моментов од страна на нашите соседи.Наше е да останеме посветени и дали има најмал простор за решавање по прашањето со Бугарија“, вели Димитров во вечерашното интервју на Топ Тема.

Каракачанов кажа дека понудиле документ, предлог, што содржи и дали содржи ако го има, беше новинарското прашање упатено до Димитров, на кое тој вели:

„Јавноста забележува дека сме внимателни со изјавите. Она што го говориме е дека сакаме членство во ЕУ, но дека не можеме да разговараме за тоа кои сме и каков јазик зборуваме. Тоа е наше внатрешно суверено право. И тогаш кога Бугарија ја прифатилна независна нашата држава, го прифатила и тоа право. Така што, обврзани се сите, да го почитуваат националното право, но и да се придржуваат на европските вредности. Имаме легитимно право да очекуваме од секого почит, и да го прифатат нашето право на самоопределување. Кога се кршат еврпските вредности, ослабува и вредноста на ЕУ. Нашиот јазик е наша работа. Во Берлин не беше разговарано до крај за сите прашања. Тешко станува кога имаме многу изјави. Многу е клучно да се разбере дека, нашиот македонски идентитет е резултат на историски процес и не е штета на ниту еден сосед или било која држава. Не може процесот на пристапување кон ЕУ, да стане инструмент и алатка за попречување на нашите евроинтеграции.Ова е тест и за ЕУ.

Историјата е тема на овие преговори, но за жал идејата беше да имаме комисија на која историчарите ќе разговараат и ќе се доближуваат двете држави една до друга, но тоа се прели кон Владата, заедно со преговорите и по однос на овие прашања. Овие работи се вон оние приципи и правила. Ние не можеме да бидеме одговорни за друга држава, можеме да бидеме одговорни за она ние што го правиме. Ние што славиме тоа е наша работа, каков јазик зборуваме, е исто така наша работа. Каков идентитет имаме и тоа е наша работа, со оглед на тоа дека ние не се мешаме во внатрешните работи кои се во однесуваат на нашите соседи, но и останатите земји“.

Кој ќе влегува во ЕУ и каде се клучните прашања во овој проблем, вели Димитров.

Договорот како што вели е со цел да се надминат сите разлики., но засега таквата теза е оспорена.

 

Слични содржини