Коалиција Маргини и ХОПС организираат Меѓународна конференција за модели за регулирање на дроги

од Vladimir Zorba
455 прегледи

Коалиција Маргини и ХОПС организираат Меѓународна конференција за модели за регулирање на дроги. Конференцијата ќе се одржи на 18ти и 19ти ноември 2020 година, онлајн – прекуинтернетплатформата ZOOM, во форма на панел дискусии и експертски презентации.

Kонференција има за цел да иницира дискусија за моделите за регулирање на дрогата како почетна точка за декриминализација на личната употреба на дрога во Северна Македонија. Конференцијата ќе ја претстави новата публикација: „Декриминализацијата на дрогите како основа за хумана и ефективна политика за дроги – Анализа на португалскиот и холандскиот модел на декриминализација“, како два модела од кои македонските носители на одлуки можат да научат и да започнат дискусии за можниот македонски модел за регулирање на дрогите.

На првиот ден, свои воведни обраќања ќе имаат: Министерот за здравство – Венко Филипче, Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, Извршната директорка на Фондација Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова Пановска, адвокатката и правна советничка од Коалиција Маргини Наташа Бошкова, а на вториот ден воведно обраќање ќе имаат: Министерот за правда Бојан Марициќ, Daniel Wolf, Директор на Меѓународиот развој на програмите за намалување на штетите (IHRD) во рамките на Програмата за јавно здравје при Фондациите Отворено општество – Њу Јорк, како и Извршната директорка на ХОПС – Хајди Штерјова Симоновиќ.

На конференцијата како говорници ќе земат учество странските експерти како: João Castel-Branco Goulão од Генералениот директорат за зависнички однесувања и зависности (SICAD), Португалија, проф. д-р Tomas Zabransky, Универзитетски професор од Чешка, Hans Abma, постар советник за политики, Меѓународна соработка во областа на криминалот при Министерството за правда, Холандија, Thomas Zosel, Главен инспектор за криминал, превенција од дрога и продажба (Е4), Полициска станица Франкфурт, Германија. Конференцијата ќе вклучи домашни експерти од одредени институции (полиција, судство, здравство, претставници на извршна власт, политичари, граѓански организации, членови на заедницата) во дискусија околу тоа што можеме да сториме понатаму во Северна Македонија за да развиеме похумани политики за дроги.

Првиот ден се планира конференцијата да биде фокусирана на здравствените и социјалните придобивки од декриминализацијата, а вториот ден ќе се стави акцент на декриминализацијата на дрогите и улогата на кривично правниот систем.

На Конференцијата ќе има обезбеден превод на англиски и македонски јазик.

За да учествувате на конференцијата задолжително треба да се регистрирате на следниот линк (како би можеле да ви испратиме покана за ZOOM платофрмата на вашата е-маил адреса).

Слични содржини