Кина постави ракета за лансирање на Месечината

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Кина денес постави ракета како дел од подготовките за мисијата за собирање на материјали за истражување од Месечината.

Ракетата „Long March-5“ беше пренесена од хангарот до местото во вселенската база во Венчанг, од каде ќе биде лансирана.

Мисијата „Chang’e 5“ треба да започне следната недела, во чиј дел робот ќе биде поставен на Месечината за да вади камења и други материјали од тој сателит.

Научниците на тој начин ќе имаат можност да проучат материјали од Месечината за прв пат во повеќе од четири децении.

Мисијата „Long March-5“ беше исто така наречена „Fat (дебела) 5“ поради нејзината обемност и неколку неуспешни лансирања.

Слични содржини