ЈП Лајка: Нови стандарди за згрижување на бездомни кучиња

од Берта Китинска
233 прегледи

Прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје активно работи на згрижување на бездомните кучиња и нивен хуман третман, велат од таму.

„Тим од сертифицирани професионалци започна со заловување на бездомните кучиња низ градот Скопје и нивно сместување во суви и топли апартмани со подно греење и легла според сите стандарди, под редовна контрола, третман и нега од страна на ветеринарниот тим и негувателите во прифатилиштето на ЈП Лајка.Целиот хуман третман кој вклучува: крвна слика, 4Д тест, тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен согласно годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство), терапија против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација против заразни болести и беснило, кастрација/стерилизација, микрочипирање, обележување со ушна маркица, престој и ресоцијализација е бесплатен за сите бездомни кучиња над 7 месечна возраст кои се предмет на работата на претпријатието и кои се наоѓаат на територијата на град Скопје“ стои во соопштението.

Слични содржини