Германската амбасада во Скопје: Наоѓање решение за одржување на првата меѓувладина конференција со С. Македонија е приоритет за Германија

од Nikola Popovski
256 прегледи

Од германската амбасада во земјава соопштуваат дека наоѓање решение за да може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината, со германското претседавање во Европскиот совет, е приоритет за Германија.

„Државниот министер на Германија за Европа, Михаел Рот, денес апелираше до сите страни јасно да се разграничат ЕУ-темите од билатералните прашања, како и да се работи кон постигнување на прагматични решенија. Исто така, германското претседавање со Советот е подговтено, евентуално и во содејство со Европската Комисија, во даден момент да се ангажира и дополнително за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да може да се одржи уште пред крајот на оваа година“, велат од амбасадата.