Филипче: Триесетина млади лекари се вклучат во работата на ковид центрите

од Берта Китинска
332 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека триесетина млади лекари кои се на приватна специјализациија на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника ќе се  вклучат во работата на ковид центрите  и ќе им помогаат  на пациентите.

„Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето за помош и тоа е за огромна почит. Триесетина млади лекари кои се на приватна специјализациија на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника покажаа желба и спремност да се вклучат во работата на ковид центрите и да им помогнат на нашите пациенти. Исто така, денеска разговарав и со младите лиценцирани лекари за нивен ангажман во здравствените установи. До крајот на неделата ќе ги допрецизираме условите за нивно приклучување“, вели Филипче.

Слични содржини