297
За утре, со почеток во 12 часот, во Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски е закажана седница на Советот за безбедност..
На оваа седница е предвидено, покрај членовите на Советот, да присуствува на покана на претседателот Пендаровски, и министерот за здравство, Венко Филипче.
На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и за мерките и активностите на надлежните институции.