Вергара: Премногу сум убава за да играм обична жена

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Софија Вергара е најплатената актерка во светот. Сепак, таа се жали дека е убава за посериозни улоги. Иако на крајот се прослави и збогати со серијата „Модерно семејство“, Вергара сè уште не дочекала сериозна улога.

Актерката пред неколку години истакна дека во младоста сфатила дека успехот во бизнисот бара витка фигура и убав изглед, но ако ги имате тие два квалитети, тоа ќе се покаже како меч со две острици.

„Поради мојот изглед, не можам да играм обична девојка. Затоа се обидувам да најдам улоги во кои ќе можам да го користам изгледот, но и талентот“, рече таа.

Нејзините облини по кои е позната и помогнаа да се пробие на сцената, но имаше и непријатни моменти.

„Бев многу слаба и имав големи гради. Ме прогонуваа мажи и ми беше тешко“, рече таа.

Оваа година Вергара е на врвот на листата на „Форбс“ за најплатени актерки во светот, водејќи кај телевизиските актерки во годината кога киносалите западнаа во криза, објави „Форбс“.

Вергара, која во моментов е член на жирито во шоуто „Америка има талент“, заработи неверојатни 43 милиони долари во последните 12 месеци, благодарение на нејзините ангажмани.

Слични содржини