„Пипл“ го прогласи Најсекси мажот на светот

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Холивудскиот актер Мајкл Б. Џордан е прогласен за најсекси маж на светот, според списанието „Пипл“.

Синоќа тој беше прогласен за овогодишен победник во шоуто на Џими Кимел. Со цел да се зголеми неизвесноста и да се намали ризикот од ширење на коронавирусот, Џордан пристигна на сцената во жолт хазмат костум и откри кој е тој едвај кога публиката погоди за кого станува збор.

Во интервју за списанието „Пипл“, Џордан рече дека жените во неговото семејство „дефинитивно се горди“ на оваа ласкава титула.

Џордан, кој исто така се пофали со оваа титула на Инстаграм, им се придружи на другите победници на изборите во списанието „Пипл“, како што се Џон Леџенд, Идрис Елба, Крис Хемсворт, Чанинг Тејтум и Дејвид Бекам.

Да потсетиме, овој актер е најпознат по улогите во кои го игра Ерик во „Црниот пантер“ и Адонис од филмот „Крид“.

Слични содржини